Мицкоски ќе го продолжи проектот за пругата кон Бугарија и ќе потпише дека нема да се распуштат советите на судии и обвинители, тврди Филипче

by Fokus

Премиерот Христијан Мицкоски на 16 септември во Брисел ќе го потпише Планот за раст, кој патем е 99 отсто истиот што го подготвила Владата на СДСМ, ќе го продолжи Коридорот 8 и ќе потпише дека нема да се распуштат советите на обвинители и судии, вели лидерот на СДСМ, Венко Филипче во интервју за Прес 24.

Според него, Мицкоски исто така ќе го продолжи проектот за Коридорот 8 и ќе потпише дека нема да се распуштат советите на обвинители и судии, и покрај претходните изјави за спротивното.

-И сега некој се прашува, зошто? Зошто два месеци се изнаслушавме хаотични пораки и чукање во гради на Мицкоски дека ќе се пренаменат средствата и ќе се распуштат Советите? Одговорот е лесен и тие добро знаеја дека тоа не е можно. Силењето во јавноста е потребно за секојдневно да се одржува наводната бунтовност на оваа Влада, наводната одлучност и сила. Но тоа брзо ќе издише, рече Филипче.

Поврзани новости