Мицкоски: Ќе ги издржиме Чарлиевите ангели и мафијашот, ќе ве стигне правдата ви ветувам

by Фокус

Не може мафијашка влада да вика дека сме правна држава, а никој да не одговара за криминал, додека секој ден се редат афери без никаква разрешница, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на вечерашниот протест.

-За 2 месеци им пропадна банка од 500 милиони евра. Во Тетово овозможија милионски бизнис за анти-ЕУ и анти-НАТО бизнисмен, кој сам кажа дека платил за рефендумот. Над 8 милиони евра се потрошени за службени возила, но Јанкулоска одговара за мерцедесот што Заев го вози. Додека сите гледаа во лисиците на рацете на Јанкулоска, има хаос со почеток на учебната година. Таа оди во затвор, а го пуштија убиецот на Мартин Нешковски – рече Мицкоски.

Тој се осврна на зборовите на Заев дека со Никола Груевски успевал да постигне договор, како што е случајот со Пржино, но тоа не можел да го направи со Мицкоски.

-Заев вика со мене не може да се договори, а претходно можел во Пржино за СЈО, кое нас не тормози, а тоа украло 4,6 милиони евра државни пари како додатоци за плата. Можеа да се купат компјутери со тие пари за децата, можеа да се обештетат лозарите, но тие отидоа кај Чарлиевите ангели, кои од утре ќе ги тормозат оние чесни вмровци, не оние што му седат во скутот на Заев и плукаат по ВМРО. Но, ќе ги издржиме Чарлиевите ангели и мафијашот и ќе дојде денот кога ќе ве стигне правдата, доживеал јас или не, ви ветувам – порача Мицкоски.

Поврзани новости