755
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски oдговорајќи на новинарско прашање, рече дека порано или подоцна предвремени парламентарни избори ќе има во Македонија .
– Не очекувам дека оваа власт ќе сака да ги напушти дебелите црвени килими, кожните фотелји и привилегиите што ги ужива, не очекувам дека тоа ќе го прифати и дека ќе замине зашто е свесна дека потоа следи одговорност. Но, затоа сме ние опозиција и затоа ја добивме довербата од народот на локалните избори. Порано или подоцна ќе се случат и предвремените парламентарни избори, а потоа следува одговорност за сите погрешни политики во изминатите четири години, истакна Мицкоски