Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и покрај апелите на меѓународната заедница е категоричен дека се додека е тој лидер на партијата, ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за уставните измени.
-Вакви какви што се уставните измеи никогаш нема да ги гласа додека сум јас претседател. Македонија и македонскиот народ дадоа многу како ниту еден народ во Европа, рече Мицкоски на Телма и додаде дека сега на ред е Европа да испорача.
Според него, непримерно е мешањето на било кој меѓународниот фактор во внатрешните работи.
Мицкоски кажа дека засега не преговараат ниту со ДУИ, ниту со албанската опозиција и дека евентуални преговори би можеле да се случат во втората половина на февруари.
Но откри дека огромен дел од раководството на ДУИ, минус, како што рече, оние кои се љубители на игри на среќа и шетачите по светот кои ги кодошат ВМРО-ДПМНЕ, праќаат сигнали до ВМРО ДПМНЕ за коалиција и сакаат да се случи катарза во ДУИ.