Претседателот на опозиициската партија Христијан Мицкоски кампањата на владата „Ние сме Европа“ која вчера ја најави вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ,ја оцени како плагијат.
„Нема ништо оригинално кај Владата на ДУИ и СДСМ. Најмалку овие политички измамници, криминалци имаат право да се повикуваат на Европа, бидејќи тие се срамот за Европа. Се додека овие луѓе се претставуваат себе си како промотори на европските вредности, за жал и кредибилитетот на самата Европа во очите на граѓаните ќе опаѓа“, рече Мицкоски.
Тој додаде дека овде и европските дипломати имаат можност да интервенираат кај Владата да не ја злоупотребува Европа.
„Европска вредност не се чекорите на Владата да потпишува на слепо секакво национално предавство, туку европска вредност е квалитетно образование, здравство, силна економија и слично“, рече Мицкоски.
Мицкоски укажа дека се што Владата прави нема врска со европска вредност.
„Не е европска вредност да клекнете во Софија и да потпишете договор или протокол со кој национално ќе го обезличите народот и да се претставувате како европски политичари. Тоа е предавство и за тоа предавство историјата ќе суди“, изјави Мицкоски.