Прашањето за рудниците во сттрумичко е обична владина бизнис-зделка, пред се на ДУИ, смета лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. За него е лицемерно што министерка во владата присуствуваше на протестот против рудникот.
-Замислете какво лицемерие, какви двојни стандарди, Владата носи одлука за спојување, а министерот во таа иста влада вели дека ќе биде денеска заедно со тие луѓе коишто протестираат. Па ако не се согласува со таа одлука, може уште истиот ден да поднесе оставка. Зошто не поднесе оставка? Еве денеска нека ја најави својата оставка, нека поднесе оставка и нека замине од политичката сцена ако не се согласува со политиките на Владата, изјави Мицкоски, алудирајќи на министерката Каја Шукова која се појави на денешниот протест.
Во Струмица денеска граѓани, во организизација на Еколошкото здружение „Здрава котлина“ – Струмица и Еколошкото здружение „Еко долина“ – Ново Село протестираа против споената концесија за рудникот Иловица-Штука.