12
Премиерот Христијан Мицкоски на денешниот брифинг со новинарите, меѓу другото, рече дека бил обработуван од службите за безбедност. Во таа насока, тој откри дека во белешките на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање неговото име било поприсутно отколку на познати криминалци. Воедно, тој одговори под кој основ бил „обработуван“.
–Во белешките на Агенцијата за разузнавање има основ дека јас сум ја загрозувал безбедноста на директорот – рече Мицкоски одговарајќи на прашање на „Фокус“, при што додаде дека АР треба да ја заврши истрагата и во декември да брифира на затворена владина седница, додека истовремено бараат декласификација и на белешките на АНБ со цел содржината да биде обелоденета.
Влатко Стојановски