Мицкоски: Јас закон кој ќе амнестира криминал ниту барам, ниту прифаќам

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција порача дека нема да ја исполнува компилацијата на лидерот на СДСМ, Зоран Заев во однос на предлог-законот за Јавно обвинителство.

„Не постои притисок кој не можам да го издржам. Не ми паѓа на памет исполнување компилација од желби од Заев. Носењето на квалитетно решение би значело решение во кое Заев ќе треба да одговара низ законска постапка за сите обвинувања, криминал и афери. Затоа се толку силни кон опструкции за носење законско решение. Цел е да се направи вистински закон а тие предлагаат закон кој е антиуставен. Не сакаме да има лажно брифирање дека ВМРО-ДПМНЕ кочело и заштитувало ваков или таков криминал. Јас закон кој ќе се амнестира криминал ниту барам, ниту прифаќам“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости