Мицкоски: Ја спремаме најдобрата програма досега, Македонија заслужува подобро

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференцијата рече дека ВМРО-ДПМНЕ се екипира и ја подготвува најдобрата програма досега и дека тој постојано ќе биде на терен меѓу граѓаните.

-Ние спремаме најдобра програма досега, со тим домашни и странски експерти. Се екипираме. Се приклучуваат многу нови луѓе на дневна основа. Многу брзо ги обзнануваме и ќе ги обзнаниме советите кој што ќе членуваат професори истакнати професионалци, академици. Ние работиме да му понудиме на народот алтернатива. Енергијата расте, бидејќи Македонија заслужува подобро. Од утре сакам да ја информираме јавноста дека исто така продолжувам со теренските посети. Природната средина на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде теренот меѓу граѓаните. Ќе одам во град, во село, од куќа до куќа, и ќе разговараме со народот. Гласот на народот мора да биде слушнат, ќе разговараме и понудиме решенија. Остануваме со народот во сите предизвици и заедно ќе дојдеме до излезот кој ќе значи оваа власт да си замине. Македонија, почитувани нема време за чекање и не смееме да дозволиме уште една генерација да загубиме, рече Мицкоски.

Тој додаде дека СДСМ и Зоран Заев донеле изместени вредности во политиката и сега имаме деградиран политички и правен систем каде упадите, кршењата и непочитувањатa стануваат пракса.

 

Поврзани новости