Мицкоски ја промовираше програмата „Обнова“ со која ќе настапат на изборите

by Fokus

Обновата е нашата визија за промена на тешката реалност која ја живее секој еден граѓанин. Обнова која ќе донесе повеќе за секого и промени кои ќе ја направат Македонија онаква каква што сакаме да ја имаме, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во својот говор во Битола каде се оддржа промоцијата на програмата Проект „Обнова“.

Мицкоски на денешната промоција на програмата со која партијата излегува на избори на 15 јули, посочи дека „Обнова“ носи убави нешта за работниците, земјоделците, стопанствениците, пензионерите, невработените, младите и старите, мажите и жените, сите оние кои денес, како што рече, заедно со нас на нозе се креваат, креваат глава гордо и високо, и се исправаат.

 

 

Поврзани новости