Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски вели дека срамното ниво на реализација на капиталните инвестиции од само 49 отсто, значи дека Владата е неспособна. Ја искоментира и најновата анкета на МЦМС според која СДСМ има предност од два отсто.
-Овој јули Заев вети дека реализацијата на капиталните инвестиции ќе биде над 80%. Реалноста е дека тие се само 49% и тоа на ребалнсираниот буџет.
Јавниот долг достигна фрапантни 5,7 милијарди евра, а се планираат нови задолжувања од 270 милиони евра.
Откако СДСМ е на власт, јавниот долг на државата е зголемен за вкупно 914 милиони евра со што достигна бројка од фрапантни 5 милијарди и 700 милиони евра или речиси 50 отсто од бруто домашниот производ.
Сиромаштијата галопира. Ете затоа Заев бега од избори, зошто неспособноста не може да се сокрие, таа ја чувствуваат граѓаните.
Секој ден поминат на власт за Заев значи побогат паричник, одбегнување на соочување со народот и потоа одговорност за неправдите и кршењата на законот. Тоа со граѓаните нема да го дозволиме.
П.С читам некои анкети кои се во функција да го мотивираат членството на СДСМ и Заев, тогаш доколку е таква работата еве и јас кој непоколебливо верувам во народот, ги охрабрувам да излезат на избори и народот да одлучи, вели Мицкоски.