Не мора да се сложуваме за сите работи, но прашањето е за мнозинството работи вие да се сложите. Сите ние сме посебни индивидуи и посебни политички партии и логично е да имаме различни ставови за одредени теми, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски запрашан за недоразбирањата меѓу владините партнери ВЛЕН и ЗНАМ, откако се најави и Албанска Академија на науките и уметностите.
Мицкоски ја опиша ситуацијата во владината коалиција исто како „во едно семејство“.
„Во еден внатрешен дијалог, во процес на внатрешна дебата, тие недоразбирања треба да се надминуваат, доколку има простор. Во едно семејство, не секогаш се сложувате со членовите и ќе наидете на одредени недоразбирања во одредени моменти, но во еден демократски дијалог, треба да ги надминувате. Досега во овие пет недели, така функционираме како коалиција“, истакна Мицкоски.