Мицкоски ја кажа роденденската желба, но откри и кој му е инспирација за вицкастост на митинзите

by fokus

Јас нема да ви кажувам дека првата љубов ја сретнав овде, во Кавадарци, тоа ќе ви го кажува еден друг човек, ќе дојде овде и ќе кажува сигурно. Како и уште многу други работи, бидејќи тој е отсутен од реалноста, а јас ќе започнам со сериозни теми – со тие зборови се обрати пред кавадарчани лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за време на централниот митинг на партијата.

Тој, како и неколку пати порано, за време на митинзите, алудираше на премиерот Зоран Заев, потсетувајќи на негови претходни изјави, а пак за време на митингот во Охрид, дури и ја започна кампањата со виц за својот политички ривал.

На прашањето на ,,Фокус”, од каде ја добива инспирацијата за вицкастост на митинзите, тој одговара дека Заев е најголемиот ,,виновник” поради тоа. Вели дека во зависност од инспирацијата која му ја дава Заев, ќе зависи дали и во иднина, на наредените митинзи присутните ќе слушаат вицови.

Инаку, Мицкоски денес наполни 44 години, а кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев му го честиташе роденденот од говорницата. На прашањето која му е роденденската желба, за ,,Фокус” тој одговора – Здравје, да сме здрави и среќни!

Како потсетување, кога пред пет години, во време додека беше во опозиција, премиерот Зоран Заев го славеше 42-от роденден, за ,,Фокус” изјави дека роденденска желба му било сите да се живи и здрави, но кога ги дувнал свеќичките на тортата, си посакал победа на избори.

Вики Клинчарова

Поврзани новости