Мицкоски ја добил поддршката од коалиционите партнери

by Fokus
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот фејсбук профил објави дека добил поддршка од коалиционите партнери за понатамошните чекори околу промената на власта. Тој објави и фотографија од средбата.

„Денес остварив средба со претставниците на партиите од коалицијата „За обнова на Македонија“. На средбата ги информирав за новата реалност и новото мнозинство во собранието, кое значи пад на владата на СДСМ – ДУИ. Ја добив поддршката од Коалицијата за натамошните чекори во промена на власта“ информираше Мицкоски.

Поврзани новости