ВМРО-ДПМНЕ одлучил да ја номинира Рашела Мизрахи за министерка за труд и социјала во пржинската влада, која стекнала докторска титула во Универзитетот Бар Илан во Израел по биохемија, а работела како консултант на Глобален Фонд во рамки на програмата за Туберкулоза и како асистент на катедрата за Физиологија при УКИМ.
Според неофицијални информации, опозициската партија ја избрала финансискиот консултант Гордана Димитровска за дополнителен заменик-министер за финансии, пратеничката Невенка Стаменковска за информатичко општество и администрација и членот на партискиот ИК Цветан Трипуновски за земјоделство.
Како што е познато, ДПМНЕ одлучи да го предложи Драган Ковачки за министер за внатрешни работи, меѓутоа спорно е тоа што станува збор за армиски полковник, а уставот предвидува дека лице кое не било цивил во последните 3 години не може да раководи со МВР.