88
Откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска го доби мандатот за формирање на нова влада беше прашан и како ја коментира изјавата на новиот собраниски спикер Африм Гаши дека неговата татковина е Косово, Мицкоски истакна дека не ја слушнал изјавата.
-Јас мислам дека неговата татковина е Македонија. И од тоа што сум го разговарал со него, сум слушнал лично дека наша заедничка татковина е нашата заедничка Македонија. Ако има таква изјава, тогаш мислам дека треба да им се извини на граѓаните од Македонија и тоа треба час поскоро да го направи, со оглед дека добива плата од тука и од страна на Македонците, Турците, Албанците, Власите е избран за претседател на Собранието, истакна Мицкоски.