Мицкоски индиректно потврди дека со Арсовска им се раздвоиле патиштата

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски индиректно потврди дека градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска не ги исполнила нивните очекувања иако партијата ја поддржа како независен кандидат, а таа денеска ги разреши директорот на ЈП Водовод, Златко Перински и генералниот секретар на Град Скопје, Ѓоков Велковски.

-За мене е важно Скопје да се развива и затоа поддржавме независен кандидат, но во животот имате моменти кога ќе видите дека очекувањата не се такви како што сте ги имале тие очекувања, и од едната и од другата страна, а потоа едноставно патиштата можат да одат во различни насоки во животот, изјави Мицкоски за раздорот со Арсвоска.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи секој проект којшто е добар за градот и порача дека и Перински и Велковски ја имаат неговата безрезервна поддршка.

Поврзани новости