Мицкоски импресиониран од градоначалниците на ВМРО-ДПМНЕ

Од СДСМ пак, сосема спротивно, велат дека градоначалниците на Мицкоски ништо не работат.

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска продолжи со посетите на општините во кои градоначалниците се од редовите на неговата партија. Тој денеска беше во Свети Николе од каде искажа задоволство од работата на градоначалниците.

-Навистина импресивно сето ова делува и јас сум тука да ги поддржам сите проекти кои на чесен и транспарентен начин ќе бидат изработени со многу дисциплина и голем мотив.

Преку глава им е на граѓаните од политиканство и сето она кое политичарите изминативе 30 години го прават во Македонија, а тие го гледале. Потребно е да ги засукаме ракавите и да работиме. Јас го охрабрувам градоначалникот и сите кои се дел од општинската администрација да продолжат по тој пат и да испорачаат она кое што го ветиле за време на кампањата за овие локални избори, рече Мицкоски.

Од СДСМ пак, сосема спротивно велат дека градоначалниците на Мицкоски ништо не работат.

-Јавноста е сведок дека градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ единствено што излегоа во јавноста овој период е промовирање проекти од СДСМ, истите оние кои ги критикуваа, како и промоција на Христијан Мицкоски.

Беше промовиран проект на СДСМ во Гази Баба за канализација, проект на СДСМ во Аеродром за фотоволтаици, проекти на СДСМ во Кисела Вода но и во други општини. Данела Аросвска никаде ја нема, освен што прави се против проектот за Бас рапид систем. За овој период не можеше ниту да го обележи булеварот Киро Глигоров, што го направи Петре Шилегов. Дрско и спротивно на препораките на УНЕСКО, ВМРО-ДПМНЕ продолжија со уништување на Охрид и Охридското Езеро, изјави денеска Стефан Васев од СДСМ.

Поврзани новости