523
По завршувањето на средбата со Али Ахмети, Христијан Мицкоски изјави дека имале успешна средба и му го презентирал предлогот на ВМРО-ДПМНЕ за министер за внатрешни работи.
-Соглсано праксата и законот, денеска имав кратка, но успешна средба со Ахмети каде разговараме за кадровското решение за МВР, односно профилот на личноста која ние ја предлагаме. Очекувам дека ќе имаме исто така успешна средба и со премиерот во заминување и веднаш после средбата ќе го откриеме името на министерот. Станува збор за професионално решение, рече Мицкоски.