Мицкоски имаш ли трошка срам, прашува Костадинов од СДСМ

by Fokus

Целата јавност слушна како незрелиот и неодговорен Христијан Мицкоски ги прекршил мерките и задолженијата за спречување на заразата од коронавирусот. Христијан Мицковски, дали имаш трошка срам?, праша портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов на прес-конференција на „Боемска“.

„Твоето вчерашно однесување е директен доказ зошто се соочуваме со втор бран, и дека тоа е од непочитување на мерките и неказнување од МВР, а не зашто Владата нема добра стратегија. Нашата стратегија не е проблемот, проблемот е што ти и твоите послушници во МВР цело време намерно и организирано ја саботирате“, истакна Костадинов.

Поврзани новости