Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашење во однос на уставните измени рече дека притисоци има, но во овој парламентарен состав уставни измени нема да има.
-Видете дека притисоци има, има ова не е бајка, јас не можам да ви кажам дека нема притисоци, и секој оној кој што се нафатил со оваа работа треба да е свесен дека има притисоци, и треба да е свесен дека има моменти кога треба да се спротивставите на тие притисоци со аргументи. Мојот пристап е да се спротивставам на тие притисоци со аргументи и така и ќе продолжам до сега не сум слушнал аргумент кој што ги победува аргументите кои што јас ги презентирам. Не дека сум јас надмен човек, туку едноставно во животот треба да имате и елементарна логика, моите аргументи се елементарна логика и тие се јавно познати. Ако некој мисли дека со притисок нешто кај мене ќе постигне се лаже, такво нешто нема да се случи. Јас сум свесен дека тоа ќе продолжи и понатаму. Но ќе повторам промена на Уставот во овој парламентарен состав нема да има. свесен за политичката цена која што можеме да ја платиме излеговме во јавност дадовме предлог, а тоа е хрватскиот модел на уставна преамбула, и рековме еве го прифаќаме, ајде господа повелете да видиме кој е европеец кој не е европеец. Ги извадивме на чистина, на виделина излегоа сите лаги сите клевети колку е Ковачевски европеец, колку е Пендаровски Стево европеец, колку е Али Ахмети европеец и останатите на чистина ги извадивме јавноста можеше да ги види . И тука завршува се, истакна Мицкоски.