67
Пред да коалицираме со други партии треба да консолидираме 61 пратеничко место, рече лидерот на ВМРО-ДПМНе, Христијан Мицкоски во емисијата Само интервју на Канал 5. Тој нагласи дека е подготвен за секакви сценарија од страна на ДУИ, по пораката на Али Ахмети дека треба да ги почитува резултатите од изборите за да има мир и стабилност во земјата.
„Подготвен сум како човек на секакво сценарио. Имаме информации што се зборува таму во партијата, но подготвени сме на се“ рече тој и повтори дека не постои никаква можност да состави влада со ДУИ.
Тој нагласи дека коалицијата ВРЕДИ го потврдила својот кредибилитет за да бидат кредибилен партнер на идната влада, која ќе ја предводи ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата.