417
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски преку социјалните медиуми се обиде да го корегира премиерот Зоран Заев за термините што ги користи при давање на изјави за медиумите.
„Кога Заев веќе се служи со термини произлезени од артефакти врзани за грчката митологија треба да знае дека пандорината кутија не се шири, туку се отвора. Едноставно е. Исто како што има разлика помеѓу селективна и апсолутна правда, или пак помеѓу уценети и неуценети“, напиша Мицкоски на Твитер.