545
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизијата „Клан Македонија“ рече дека со Преспанскиот договор штетата е веќе направена и уништено е достоинството на сите граѓани на Македонија, но може да се направи чекор назад.
-Има можност да ја поправиме таа штета, но под услов тоа да е според Уставот и законите. За тоа ни треба дво-третинско мнозинство, односно 80 пратеници, или Бадинтерово мнозинство. Тоа е реалноста, јас нема да ветувам ништо, само за да стигнам на власт, рече Мицкоски.