Нема лева Македонија, нема десна Македонија, има една заедничка Македонија, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на митинг во Скопје.
-Нема Македонија поделена по етничка или верска основа, не, туку таа е заедничка, една Македонија! Нема наша и нивна Македонија! Има една заедничка Македонија! Нема либерална, и конзервативна, прогресивна и назадна Македонија! Има една заедничка Македонија – рече Мицкоски.
Тој истакна дека власта сака да ја подели Македонија поради страв од пораз.
-Сакаат да има проблеми, да креираат страв, да кажуваат како ние ако дојдеме ќе има етнички проблеми, ќе има барок, не ни знаат веќе што зборуваат, нема ни логика сето тоа – рече Мицкоски.
Воедно, тој додаде дека ќе ги издржат, како што рече, сите измами и црна кампања на власта.
-Многумина ме прашуваат дали ме вознемируваат оние црни кампањи против мене и моето семејство, оние обвинувања, крици на лаги и страшни измами. Мојот одговор е до нив и до сите нивни привезоци, многу сум спокоен затоа што знам дека е ова последица на очај – рече Мицкоски.