Мицкоски има договорено уставни измени, а за тоа да не биде виновен тој туку предавникот Груевски, вели Јакимовски

by fokus

Мицкоски има договорено дел од пратениците да гласаат за измени на уставот, а за тоа да не биде тој виновен туку предавникот Никола Груевски, тврди градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски во статус на Фејсбук со наслов „Лисиц“.

-Значи овој Христијан се обидува да не прејде сите жедни преку вода. Морам да признаам дека му направиле доста добра стратегија, арно ама, забораваат дека има и политичари од времето на Тито. А таквите подготвени стратегии не од него, туку од странски замешателства ги фаќаат на бранова должина. Нели Христијан побара гаранција за јазикот и македонскиот идентитет? Тоа беше однапред договорено, покровители на гарантирањето беа токму Германците со гласање во парламентот. Така ли беше? Нели ви е чудно што Мицкоски го нападна Груевски дека се обидува да му направи раздор во партијата и да обезбеди пратеници за уставните промени токму во германски ФАЦ?

Стратегијата е да се нападне Груевски дека тој е предавникот што договорил дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за влез на Бугарите во уставот. На зачестениве средби со странците токму Мицкоски има договорено дел од пратениците да гласаат за измени на уставот, а за тоа да не биде тој виновен туку предавникот Никола Груевски. Се потрудиле добро да ја осмислат стратегијата да ни глуми лисица, жртва на заговор и обид демек партијата да му се разбива одвнатре, а всушност, трговецот за уставните измени е токму тој. И тоа настапува како трговец-поединец, пишува Јакимовски.

Тој додава дека Мицкоски користи иста тактика како за Преспанскиот договор, кога го обвини поранешниот шеф на УБК, Сашо Мијалков дека обезбедил мнозинство.

Поврзани новости