Мицкоски им се извини на граѓаните за „она што ќе следува“

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска однапред им се извини на граѓаните, за, како што рече, она што ќе следува.

Тој најави дека блокадата на Собранието од страна на ВМРО-ДПМНЕ ќе трае можеби и со недели и месеци, а целта е да ја принудат владата да си замине. На вечерашниот состанок на Извршниот комитет Мицкоски ќе им ја презентира идејата за блокада.

-Во најмала рака ова е процес кој ќе трае повеќе месеци сè додека оваа неразумна влада не се вразуми. Однапред им се извинувам на граѓаните за тоа што ќе следи, но мора да нè разберат дека ни е потребна поддршка и охрабрување за да си ја спасиме Македонија затоа што ако оваа влада остане уште еден ден повеќе Македонија ќе има помалку на сметка на нив. Почекајте, допрва следуваат повеќе чекори, а со ова само започнуваме. Не можам да дозволам иднината на Македонија да се крои во Мала Речица. Иднината ќе ја кројат граѓаните, а не тие кои денеска се таму во Владата, рече Мицкоски.

 

Поврзани новости