Мицкоски им порача на градоначалниците веднаш да се фатат за работа

by fokus

Независно од политичките случувања со централната власт, сметам дека е многу значајно да не се занемари она што беше ветено на локалните избори, порача претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по денешната средба со градоначалниците избрани од редовите на неговата партија.

-Да се започне со решавање на проблемите на граѓаните во сите општини каде што имаме градоначалник. Без оглед на тоа што голем дел на општините се презадолжени. Првичните информации сведочат за злупотреби на ресурсите, луѓе кои земале плата, а не оделе на работа. Оваа ситуацијата не смее да биде оправдување за нереализирање на ветувањата.
Имајќи предвид дека во програмите имаме предвидено сериозни капитални проекти, ќе побарам од градоначалниците во рок од 30 дена да почнат со реализција на најмалку три проекти од инфраструктурата.
Мојот совет е да покажат скромност во делувањето, да се откажат од привилегиите кои самата функција ги носи. Да покажаме пред граѓаните дека она што го зборуваме, го мислиме и го работиме. Веднаш да се откажат од употреба од службените возила надвор од потребите на оштината, како и да нема ручеци чии сметки не одговараат на пристојни, рече Мицкоски.

Поврзани новости