Христијан Мицкоски – лидерот на ВМРО-ДПМНЕ денеска во посета на општина Лесковац во Република Србија на средба со македонската заедница која живее таму посочи дека неговата партија се грижи за македонското национално единство и води грижа за сите Македонци без разлика каде и да живеат.
– Овој ден е многу значаен бидејќи ние како политичка партија ВМРО-ДПМНЕ сме партија која се грижи за македонското национално единство. Така и се вика нашата партија. Така што ние како партија водиме грижа за сите Македонци секаде во светот. Тоа е фини луѓе и домаќини кои ги почитуваат државите во кои живеат, а нивната држава Македонија и ВМРО-ДПМНЕ како партија, секогаш се грижела, се грижи и ќе се грижи во иднина – посочи тој.
Додаде дека чест му е што овие деца можат да учат на македонски јазик и потенцираше дека на тој начин нема да го заборават нивниот мајчин јазик и корењата од каде потекнуваат.
– Нас ни е задоволство што овие деца можат да учат македонски јазик и да не го заборават да се сетат за нивните корени и да знаат од каде потекнуваат, кој се и што се, но и секако во иднина да продолжат да ја почитуваат државата во која живеат, а тоа е секако Република Србија, но да не заборават дека нивната татковина е Македонија – истакна Мицкоски.
Мицкоски порача дека „двата братски народи македонскиот и српскиот треба да продолжат да живеат заедно, да се почитуваат и да се негуваат релациите меѓу двете држави Србија и Македонија“.