Мицкоски: Иако Заев вети, ги нема ниту Google, ниту Facebook

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски потсетува дека пред повеќе од една година Владата вети инвестиција на интернет гигантите Google и Facebook, но дека ништо нема од тоа ветување.

„Пред повеќе од една година поточно 12 септември 2017 година, премиерот Заев излезе и соопшти дека во Македонија влегуваат две инвестиции на мултинационални компании и гиганти Google и Facebook. Надеж меѓу граѓаните, радост за ИТ кадрите бидејќи можеби ќе добијат шанса да работат во едни вакви гиганти. Но, после поминати година и два месеци, нема ништо, штама од владата, и надеж дека јавноста што помалку ќе се сети на ова ветување, бидејќи помнењето создава оправдан впечаток дека оваа влада брутално лаже, но и ја открива нејзината запрепастувачка неспособност. Иако Заев вети, ги нема ниту Google, ниту Facebook. Срамна лага, гол факт за неспособноста на Владата. А нема инвестиции затоа што во Македонија има криминал. И тука се безбројните сведочења на инвеститори кои се одвратени поради корупција, сомнежите дека инвеститорите можеби ќе добијат пакет на поддршка од владата, но задолжително добиваат и пакет барања за куферчиња пари, или список, кои се одбраните домашни компании со кои мора да се соработува. Црно време. А цехот на овие црнила го плаќаат граѓаните. Најавите за инвестициите на Google и FB сведоштво за една брутална лага и измама на владата на премиерот Зоран Заев“, напиша Мицкоски на фејсбук.

https://www.facebook.com/MickoskiHristijan/photos/a.833349540173840/1110273245814800/?type=3&theater

Поврзани новости