664
Во вечерашниот ТВ дуел на ТВ 24 претседателот на СДСМ, Зоран Заев и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски се согласија дека техничката влада за организирање избори треба да се избрише од законот по претстојните избори.
Заев рече дека тој бил за тоа таканаречената Пржинска влада да се укине и порано, на што Мицкоски одговори дека за овие избори инсистирале таа да се воведе, бидејќи немале доверба во СДСМ дека ќе организира фер избори.
Двајцата се согласија дека по овие избори, кој и да биде во опозиција, тие се за укинување на техничката влада.