Во последните неколку недели, високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кои Христијан Мицкоски, Александар Николовски, Влатко Ѓорчев, често биле во хотелот Мериот. Дали во Мериот имало и други средби, со Сашо Мијалков на пример, најповикан е да одговори Христијан Мицкоски, повика Стефан Васев од СДСМ на прес-конференција од пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ.
-Зошто од толку хотели во земјава, во главниот град, се организираат партиски настани на ВМРО-ДПМНЕ и УМС токму во Мериот нека ценат граѓаните. Можеби поради долгот на Мицкоски кон Сашо Мијаков кој заедно со Груевски го стави на чело на ВМРО-ДПМНЕ? Јасно е дека спрегата Мериот-Белата палата се уште раководи со ВМРО-ДПМНЕ. Оттука и целата нервоза и паника во белиот дворец по донесената пресуда за предметот „Тврдина-Таргет“. Мицкоски не успеа да го спаси криминалот на режимот, не успеаја намерите да ги спаси од одговорност, рече Васев.