Мицкоски и Тошковски од утрово се во Кочани

by Fokus

Премиерот Христијан Микоски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски од утринава се во Кочани, по ужасната трагедија што се случи ноќеска во дискотеката „Пулс“, каде во пожар загинаа најмалку 50 лица.

Премиерот ќе го одложи патувањето за Подгорица, Црна Гора, каде што утре се одржува самитот на Европската народна партија (ЕПП), информираат од Владата.

Дополнително, како што наведуваат владините извори, премиерот ќе побара и одложување на самитот за Планот на ЕУ за раст на Западен Балкан кој треба да се одржи в среда и четврток во Скопје.

За во 9 часот е најавена прес-конференција на министерот за внатрешни работи од пред полициската станица во Кочани.

Поврзани новости