508
Mислам дека неправилностите што ги имамве деновиве и злоупотребата на државните институции ќе имаат спротивен ефект и дека денеска ќе победи новата иднина, ќе победи надежта, ќе победат проектите, ќе победат промените, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ. Христијан Мицкоски откако го оствари своето право на глас.
„За жал можеме да забележиме многу неправилности изминативе денови, многу злоупотреба на државни институции од страна на оваа власт која што е во заминување. За мене тоа претставува многу недемократски и насилнички обид да се добие волјата на граѓаните. Но мислам дека сето тоа ќе има спротивен ефект и дека денеска ќе победи новата иднина, ќе победи надежта, ќе победат проектите, ќе победат промените. Од едната страна ја имаме власта со институциите и злоупотребата на истите, а од другата страна сме ние заедно со народот“, изјави Мицкоски.