Мицкоски и Касами си направија своја „лидерска средба“, заедно ќе се борат против власта

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и претседателот на БЕСА, Билал Касами денеска остварија средба на која разговарале за актуелната политичка состојба, за стратешките интеграции на Република Македонија, како и искористувањето на потенцијалите за соработка.

-Беше констатирано дека актуелната власт ги има закочено интеграциските процеси кои треба да се динамизираат со крупни реформи кои досега не се реализирани. На средбата беше посочено дека останува акутен проблем постоењето на корупција на високо ниво, отворените сомнежи за криминал на раководни структури на власта како и сериозни аномалии и отсуство на волја за воспоставување на владеење на правото и правната држава. Беше договорено во иднина да продолжат ваквите средби во насока која ќе дадат импулс во јакнење на демократскиот амбиент и заедничката борба против актуелната власт, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

Поврзани новости