Мицкоски и Гир разговарале за идните планови и цели важни за Македонија

by Fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска се сретна со Дејвид Гир, амбасадор на Европската Унија во Македонија.

Мицкоски, заедно со потпретседателите Николоски и Муцунски на средбата со Гир разговарал за идните проекти и цели од значење за граѓаните и државата, при што акцент бил ставен на подобрување на квалитетот на живот на граѓаните.

На средбата со Гир се зборувало и воопшто за активностите на ВМРО-ДПМНЕ.

Од ВМРО-ДПМНЕ го информирале амбасадорот Гир за ситуацијата во земјата, при што акцент во текот на разговорот се ставил на корупцијата и криминалот.

Амбасадорот го информирале за сознанијата дека речиси секој ден се појавува нов коруптивен скандал во кој се вклучени лица од Владата.

Укажано било на неспособноста на власта да се справи со било кој предизвик, уште помалку да развие политики на казнивост за сторителите на криминал и корупција.

Поврзани новости