Премиерот Христијан Мицкоски и шефот на грчката дипломатија Јоргос Герапетритис остварија средба на маргините самитот на Берлинскиот процес, кој денеска се одржува во Берлин, пренесува МИА повикувајќи се на фотографиите што на социјалната мрежа Икс ги објави Министерството за надворешни работи на Грција.
Како што објавија од грчкото МНР на Икс, грчкиот министер за надворешни работи остварил кратки средби на кои се разменети мислења на маргините на состанокот на Берлинскиот процес.
FM George Gerapetritis had brief exchanges at #BerlinProcess Summit
Συναντήσεις ΥΠΕΞ Γιώργου Γεραπετρίτη στο πλαίσιο της συμμετοχής του στη Σύνοδο Κορυφής της Διαδικασίας του Βερολίνου pic.twitter.com/tXKlm25zg8
— Υπουργείο Εξωτερικών (@GreeceMFA) October 14, 2024
На самитот на шефови на влади од Западен Балкан во рамки на Берлинскиот процес, присуствува и премиерот Мицкоски, кој ја предводи македонската делегација во Берлин. Заедно со него во Берлин се и министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски, министерот за внатрешни работи Панче Тошковски и министерот за европски прашања Орхан Муртезани.