Мицкоски и Димитриевски дегустираа гравче на мото-фестивал во Куманово

by Фокус

Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, заедно со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, денеска беше на дегустација на коледарско гравче на фестивалот BEARS MOTO ROCK FEST.

BEARS MOTO ROCK FEST традиционало се одржува во јуни на спортскиот аеродром Аџитепе во Куманово.

Во двата фестивалски дена посетителите имаат можност да уживаат во акробациите на вештите уметници, да проследат натпревари, како и да ги гледаат бајкерските игри.

За забавата на најмладите се грижат повеќе аниматори.

Вечерва на главната фестивалска вечер настапуваат повеќе познати музички бендови, како што се: „Бенд Лектира“, „Ноќни путници“, Sakis Dovolis Trio, „Електрични Оргазам“.

Фестивалот веќе традициоално има посетители од целиот регион.

Поврзани новости