Мицкоски: И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија

by Fokus

„И Апелација докажа дека СДСМ е лажно клеветничка партија. По којзнае кој пат, откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ, но овој пат по судски пат, се докажа дека сум предмет на континуиран измислен и клеветнички напад, јас и моето семејство од страна на политичките противници“ пишува премиерот Христијан Мицкоски на Фејсбук.

Тој вели дека „Не очекувам да престане оваа методологија, но секогаш кога политичка партија ќе изнесе лажно тврдење, конструирано со невистини и клевети, а не во прашална форма како што често го прават на кукавички начин, ќе ја барам правдата по легален, судски пат“.

„Пресудата е јасна, клеветничката СДСМ треба на свој трошок да ја објави пресудата и да се извини за лагите кои се изнесени. Ова е уште една потврда дека неколкупати по ред, без исклучок ги губат судските случаи, затоа што клеветат, дури и ваквото судство не може да ги „испере“ – се вели во постот на Мицкоски.

Поврзани новости