„Веќе 7 дена Мицкоски и Апасиев се кријат дека се организатори на насилните протести, со кои сакаат да предизвикаат тензии во државата.
„Антиевропската коалиција на ВМРО-ДПМНЕ и Левица, помогната од Алијанса за Албанците се обиде среде Скопје да испровоцира меѓуетнички конфликт од огромни размери. Инциденти и обид за реприза на 27 април имаше пред зградата на Собранието, како и обид за насилен упад пред зградата на Владата. Антиевропската коалиција направила измислен, анонимен е-маил, како параван, и праќа фотографии по медиуми од протестите на ВМРО-ДПМНЕ и Левица“, се наведува во соопштението на СДСМ.
Според нив, ако Мицкоски и Апасиев мислат дека на овој начин ќе се спасат од одговорност за насилствата се лажат.
„Јавноста се уште очекува одговори и за улогата на политичкиот дезертер од Армијата, Драган Ковачки со овие настани? Дали токму Ковачки коорднирал група на поранешни припадници на Армијата во ова крваво сценарио?Одговорност за насилството и за режираните крвави сценарија мора да понесат сите инволвирани“продолжува понатаму во соопштението.