Лидерот на ВМРО – ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска оствари средба со граѓани во Струмица. Тој пренесе дел од разговорот со жителите на ова место, кои како што вели, пред него го изразиле своето жалење и револт за она што во моментов и се случува на Македонија.
– Штотуку завршив со средбата со граѓани и партиски членови во Ново Село. Со солзи во очите велат ова што и се случува на нашата земја силно не погодува и боли. Народот тлее, прашање на време кога ќе се излие незадоволството. Слична беше состојбата во сите други населени места кои денес ги посетив. Иста како на филмска лента повторена вистина: Македонија силно паѓа во бездната наречена СДСМ, имаме киднапирана држава. Им реков решението е оваа неспособна влада да си замине што побрзо, а ВМРО ДПМНЕ има план и изработува програма која е одговор на огромен број нерешени прашања и проблеми. Македонија заслужува подобро! Македонија мора да оди напред и да се спротивстави на ова лудило кое сега се случува – истакна Мицкоски.