Мицкоски: Градоначалниците од власта не дадоа отчет за сработеното

by Fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при денешната посета на Општина Велес каде што се одржа четвртиот ден од настанот „Твојата идеја за промена” изјави дека  градоначалниците на власта не дале отчет за сработеното во изминатата година.

– Ниту дадоа отчет што сработиле изминатата една година, каде ги потрошиле парите на граѓаните, каде ги потрошиле дотациите од централниот буџет, бидејќи општините каде што се од ВМРО немаат дотации за капитални проекти, тие се фокусирани каде има градоначалници од власта. Не дадоа отчет, немаат отворени денови за креирање на буџетот за следната година, не знаеме каде ќе ги трошат тие пари, но тоа покажува само каква е политичката матрица на власта на СДСМ и ДУИ, рече Мицкоски.

На прашањето, пак, да даде коментар за меѓусебните обвинувања на вицепремиерката за политики за добро владеење Славица Грковска и шефот на ЈО Љубомир Јовески, истакна дека смешни и комични делуваат пресметките на отворена сцена, оти криминалот и корупцијата, како што вели, се присутни секаде и поради тоа, според него потребни се избори за да дојдат, како што вели, нови луѓе кои ќе се справат со криминалот и со корупцијата.

 

 

 

Поврзани новости