Мицкоски го предлага разузнавачот Наке Чулев за нов технички министер за внатрешни работи

by Фокус

Откако СДСМ го одби армискиот полковник Драган Ковачки за технички министер за внатрешни работи, ВМРО-ДПМНЕ сега за ова позиција го предлага разузнавачот Наќе Чулев, кој беше директор на Агенцијата за разузнавање од 2013 до 2017 година, велат од опозициската партија.

Од 2017-та до 2019 година, тој беше помошник на директорот на Агенцијата за разузнавање, а моментално работи во Директоратот за разузнавање на меѓународен тероризам и организиран криминал во рамки на агенцијата.

Чулев, кој е дипломиран криминалист, поминал низ програмата за тероризам и безбедносни студии Џорџ Маршал, Европски центар за безбедносни студии од Германија и Лондон Велика Британија, а завршил обука и на Трансатланската академија (ТАСА) на Универзитетот Бон во Германија.

Поврзани новости