Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното интервју на телевизија Сител го повика на тет-а-тет средба премиерот Зоран Заев во Клубот на пратеници.
-Бидејќи ме немаше подолг период во јавноста поради ковид-19, сега го повикувам Зоран Заев на тет-а-тет средба во Клубот на пратеници, тој нека избере ден и час. Ќе го прилагодам моето време како нему што му одговара за да разговараме за сите оние работи кои се од големо значење за граѓаните од кризата со пандемијата до работата на парламентот и пописот. Да разговараме сите отворени прашања кои не се решени. Да се состанеме ние двајца како лидери на двете најголеми политички партии во земјата кои имаат две третитини пратеници во парламентот. Се надевам нема да бидам погрешно сфатен од останатите лидери на партии, бидејќи целта ми е да постигнеме консензус меѓу двете најголеми политички партии. Јас не сум како Заев да го бирам раководството на политичкиот противник, но бидејќи тој во моментов е претседател на СДСМ, тие си го избрале, рече Мицкоски.