Мицкоски го повика Заев на средба: Да седнеме да разговараме како понатаму

by fokus

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување на телевизија 1ТВ јавно го повика премиерот Зоран Заев на средба, за како што рече, да се договорат како понатаму.

-Претпоставувам влезот во НАТО ќе се случи една година од сега, кога ќе заврши процедурата за ратификација во сите земји. Догодина ова време се надевам дека Македонија ќе биде членка на алијансата. Ни во најлошиот сон не можев да поверувам дека македонски политичар може да постигне ваков капитулантски договор како Заев. Еве тоа, како што велите, криминално минато заврши кога Зоран Заев го избравме за премиер. Дали сме на подобро место на скалата на корпуција, дали да разговараме за тендерите во четири очи… Сето она што Заев го критикуваше во 2016 година сега го практикува и го има усовршено. Не го напуштаме процесот Жан Моне, туку го замрзнуваме на одреден период во период кога на деветти пратеник од ВМРО-ДПМНЕ му се симнува имунитетот. Еве лично го повикувам премиерот Заев да седнеме и да разговараме на каде ќе оди оваа држава, да се договориме како понатаму. Стојам на располагање, вака не оди. Повикувам да се случи таква средба, рече Мицкоски.

Поврзани новости