670
Фотографијата на која премиерот Димитар Ковечавски беше „пресечен“, во друштво со Петков и Блинкен, се уште е актуелна тема во земјава.
Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го „чепна“ Ковачевски за таа ситуација, а се осврна и на состојбите со Бугарија.
„Барем Заев го имаше на сликите, ама Ковачевски го отстрануваат. Имаме власт која одбива консензус. Одбивањето говори дека на повидок е поопширно решение од промената на Уставот. Решението подразбира навлегување во историјата и македонскиот јазик, што ќе значи газење по македонскиот идентитет. Тоа ВМРО-ДПМНЕ нема да го прифати. Потребна е широка поддршка од сите интелектуални и општествени групи“, истакна Мицкоски.