Претседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ христијан Мицкоски денес во својот говор пред унијата на Млади Сили во Велес се пофали дека го пратиле во пензија Специјалното јавно обвинителство, а обвинителите ги нарече криминалци.
-Во меѓувреме додека ја консолидиравме партијата и обединувавме го пративме во пензија поранешното раководство на СДСМ. Во меѓувреме додека ја консолидиравме партијата и повторно ВМРО-ДПМНЕ стана најголемата и најсилната политичка партија во Македонија го пративме во пензија СЈО и обвинителите криминалци кои го прогонуваа ВМРО-ДПМНЕ и секој еден член во ВМРО-ДПМНЕ, изјави Мицковски.
Тој рече дека овие пет и половина години во опозиција ВМРО-ДПМНЕ како политичка партија ма почетокот била во состојба да ја прогласат како терористичка организација, а дека по локалните избори направиле историска победа која не ја направила ниту една партија.