Македонскиот премиер Христијан Мицкоски го осуди обидот за атентат врз поранешниот претстедател на САД, Доналд Трамп.
„Во овие моменти на тага, шок и загриженост на американскиот народ, како претседател на Владата, упатувам изрази на најголема осуда за кукавичкиот обид за атентат врз претседателот Доланд Трамп. Истовремено, на претседателот Трамп и на повредените граѓани им посакувам побрзо опоравување и заздравување. Нашите мисли и молитви се со претседателот Трамп, со неговото семејство и со американскиот народ“ – објави премиерот Мицкоски на ФБ.
20-годишниот Томас Метју Крукс од Пенсилванија, отвори оган кон поранешниот претседател од покрив на објект оддалечен 130 метри од митингот на Трамп, објавија американските медиуми.
Напаѓачот беше застрелан од агенти на Тајната служба.