Мицкоски го нарече Заев воајер: Тој поминуваше часови слушајќи разговори на луѓе!

by fokus

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција упати силни критики кон премиерот Зоран Заев, нарекувајќи го воајер, поради „бомбите“ кои беа пуштени во јавноста во 2015 година.

„Во Македонија правдата ќе ја победи неправдата. Мислам дека нема простор за никаква сомнеж и не сум имал средба со Али Ахмети. Знам дека во оваа држава имаше еден воајер, кој поминуваше часови во слушање на тие гласови во 2014-2015 година, кога ги објавуваше тие бомби. Го предупредувавме тогаш, а за жал денеска македонската јавност е сведок на овие случувања. Одговорноста е единствено кај овој воајер. Што се однесува до Законот за јавно обвинителство, нашите принципи се преточени во предлог-амандмани. Да одиме во Собрание и да го излагасаме Законот за јавно обвинителство“, истакна Мицкоски.

Поврзани новости