Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски го кани вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи на средба во седиштето на партијата, за како што вели, „детално да го објасни планот и концептот кои ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот“.
-Сакам вистински да се помогне, затоа што работите се пресериозни и поважни од суетата на било кој член на владата. Во услови кога Димитар Ковечевски дезертира, бега од средба и ТВ дуел со мене, го поканувам заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања Фатмир Битиќи на состанок во недела (2/октомври/2022) во 12 часот во седиштето на ВМРО- ДПМНЕ, каде детално ќе го објаснам планот и концептот кои ќе значат закрепнување на економијата и помош на бизнисот, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Вчера од СДСМ посочија дека предлозите на Мицкоски за енергетиката се само обичен сублимат на изјавите на претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски.
-Ова денеска го посочија од Социјалдемократскиот сојуз откако лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, праша зошто Владата не го прифаќа неговиот план за справување со енергетската криза и дали, како што кажа, можеби во игра се тендери, бизнис зделки или договори во четири очи, соопштија од владеачката партија.